Воспитување

Малите лаги кои им ги кажувате на вашите деца негативно влијаат врз нивното понатамошно однесување

Колку често сте се извлекувале од непријатни ситуации кога разговарате со вашето дете?

Во текот на животот сите родители користат мали лаги кои им ги кажуваат на своите деца. Тргнувајќи од примерот дека волшебните самовили од цртаните филмови постојат, па се до големиот човек во црвено одело кој носи подароци, или пак дека токму денес продавницата за играчки е затворена.

Ние секојдневно и постојано ги уверуваме децата дека лажењето е погрешно и дека тоа однесување не е прифатливо во општеството, а колку од тоа што го кажуваме е вистина и го практикуваме самите?

Најновите истражувања покажуваат дека дури и најмалите лаги кои им ги кажуваме на нашите деца се всушност лоша идеја и може да предизвикаат долготрајни последици.

Истражувачи по психологија при факултет во Калифорнија, во Сан Диего ја тестирале реакцијата на повеќе од 186 деца на возраст од 3 до 7 години.

На пола група им било кажано дека во соседната соба има голем сад со бонбони, но брзо потоа им признале дека ги излажале со цел да ги убедат да си играат. Додека, другата група на деца биле замолени да си играат без да им се каже ниту една лага.

Потоа, додека тајно беа ставени под видео надзор, од децата беше побарано да ги идентификуваат познатите играчки скриени во собата, според нивните препознатливи звуци, но без да ги гледаат.

Прво им бил пуштен звучниот запис од Сунѓер Боб, кои децата во брзо време го откриле, потоа, како следен звучен тон била пуштена мелодија на Бетовен која не означувала идентификација на ниту една од скриените играчки.
Кога почнала да свири класичната музика, претпоставената била приморана да ја напушти просторијата за да оствари телефонски разговор.
На децата им било кажано дека не смеат да ѕиркаат во таинствената соба во која биле поставени скриените играчки. По точно 90 секунди претпоставената особа се вратила назад во просторијата и ги прашала децата дали ѕирнале во таинствената соба или не?

Кои беа резултатите?

Поголемиот дел од првата група, која првично беше излажана за бонбоните, одговори со лага на прашањето. Речиси 80 отсто од децата од двете групи ѕирнаа во таинтвената соба а повеќе од 90 отсто од нив одговорија лажно на прашањето.

Дали се прашувате зошто?

Истражувачите веруваат дека децата на возраст помеѓу 5 и 7 години го копираат однесувањето на возрасните и се базираат на тоа дека искреноста не е важен сегмент во животот.

Можеби е во ред да им кажете на вашите деца дека зајчето донело чоколадни јајца за Велигден. Но, ако започнете да го лажете вашето дете постојано додека е мало, од причина да го правите само она што го сакате, тогаш веројатно и децата ќе ја практикуваат оваа навика во подоцнежните години, која на долг рок и те како би се покажала како лоша одлука.

Едноставно решение е разговор во кој ќе користите едноставни, директни зборови. Поставете правила за да бидете сигурни дека вашите деца ќе знаат што е прифатливо а што не.

На овој начин вие ќе им дозволите на вашите деца да живеат над границите на нивната возраст, и ќе им дозволите да бидат дел од вашиот живот.

Запомнете, секогаш е најдобро вашето добро однесување. Ако вие не ги лажете децата, голема е веројатноста дека и децата нема да ве лажат вас.

Тагови

Поврзани вести