Минатата недела имавме можност да присуствуваме на снимањето на завршниот сет за рекламниот спот на новиот производ на Лион, Леона Премиум Крем во продукција на ДЕОСОЛ Медиа
Завршниот сет во рекламниот спот, кој по својата невообичаена содржина и застапените ефекти ќе биде за прв пат виден на нашите простори, се снимаше во студиото при Интернационалниот универзитет за филмски уметности Еуропа Прима во Скопје по сценарио и во режија на Дејан Станчевски. Во екипата беа вклучени и Александар Терпини како продуцент, Борис Ангеловски како организатор на снимањето и Горан Наумовски професор по филмска и тв камера на универзитетот како директор на фотографија.
“Навистина е убаво да се работи со професионален тим и со извонредни детски актери кои ги одиграа своите улоги многу природно и со голема умешност и трпение. Благодарност до Софија, Ведран и Нина, кои со задоволство и насмевки го дегустираа премиум кремот на Леона за целото времетраење на снимањето, а тоа секако воопшто не им беше тешко…,истото важи и за останатиот дел од возрасната екипа” – изјави со насмевка Дејан Станчевски, инаку извршен директор на ДЕОСОЛ Медиа.
Која е идејата и како течеше целиот процес на снимање?
“Имавме краток период за креативниот дел и мал предизвик со временските услови во изминатиот месец. Целата екипа мораше да биде подготвена за снимање во секој момент, а имавме само два сончеви денови за снимање на надворешните кадри во Скопје кои ни беа потребни за рекламниот спот, а откако влеговме во студио се беше поинаку.”
“Идејата за спотот потекнува од самиот производ, откако го дегустиравме кремот видовме дека имаме работа со голем, врвен домашен производ и затоа креативниот тим одлучи да направивме голема бркотница во домашен амбиент во главниот град со деца во необична големина во стилот на светски познатите блогбастери.”
Што е следно?
“Сега влегуваме во завршна фаза на монтажа и постпродукција која е еден од клучните фактори за финалниот изглед на спотот, бидејќи истиот содржи многу ефекти и специфични кадри кои бараат голема умешност и професионално познавање на работата, а за тоа ќе се погрижи Илија Јовановски, еден од најдобрите монтажери кај нас.”
“Благодарност до целата екипа која професионално ги заврши сите обврски и задачи, а голема чест и задоволство на сите нас ни претставува укажаната доверба од Лион ДОО да работиме на рекламен видео спот за еден ваков врвен производ”, вели Станчевски
За кусо време рекламниот спот ќе може да го види и пошироката публика во Македонија. А за неговата впечатливост и спектакуларност ќе Ве оставиме сами да процените и да го кажете своето мислење.