Бременост

Важни фактори кои влијаат на плодноста на жената

Постојат три важни фактори кои може да влијаат на можноста за забременување.

Возраст

Возраста на жената е најважниот фактор за плодноста. Жената се раѓа со дефиниран број на јајце клетки (1-2 милиони) кои се трошат и не се обновуваат. Помладите жени имаат поквалитетни јајце клетки.
Како што жената старее и ја поминува 30-та година, квалитетот на нејзините јајце клетки прогресивно опаѓа.
Одложувањето на породување, стареењето и зголемувањето на можностите за оштетување на репродуктивниот систем кај жените и мажите, трајно ја намалува можноста за нормална бременост.
Идеално време за раѓање се дваесеттите години кај жената, но и во триесеттите години бременоста е се уште лесно можна, иако е поврзана со повеќе компликации.

Тежина

Тежината кај жената е важна од неколку причини. Низок или висок индекс на телесна маса може да влијае на овулацијата и да попречи во бременоста. Постојат докази дека пациентите со индекс на телесна маса над 30 имаат поголем ризик од спонтан абортус.
Високиот индекс може да биде и знак на синдром на полицистични јајници. Затоа е важно да се одржува нормален индекс на телесна маса особено во периодот кога пациентот сака да оствари здрава бременост.

Претходна бременост

Општо верување има дека жената која веќе била бремена има поголеми шанси за успех во остварувањето на нова бременост.
Сепак, важно е да се знае дека не е исто доколку бременоста завршила со спонтан абортус. Факт е дека колку повеќе абортуси има една жена, толку поголеми се шансите новата бременост да заврши со абортус.
Во овој случај, треба да се тестираат генетските причини, како и хематолошки и имунолошки аспекти за да се подобри исходот.

 

Тагови