Совети

5 најголеми грешки во одгледувањето на машко дете

Ниту еден совет или убедување нема да му помогнат на момчето ако порасне во средина каде што однесот помеѓу двајцата родители е тежок.

Понекогаш родителите прават големи грешки при одледувањето на своите деца.

Кои правила треба родителите да ги почитуваат при одгледување на машко дете? Што треба да избегнуваат? Познати психолози откриваат 5 катастрофални грешки:

Претерана нега

Мајките особено сакаат да се грижат за своите миленици, жртвуваат се поради нив, и се особено горди на тоа. Но оваа техника на однесување кај мајката не е добра за детето. Доколку мајката секогаш одлучува наместо нејзиниот син, напорно работи за него, го штити од се, момчето ќе прерасне во несигурна и слаба особа.

Родителите секако дека треба да водат грижа за своите деца, но истовремено не смеат да ја поттиснат неговата независност. Права љубов е кога личноста ќе се прифати со своите позитивни и негативни особини.

Обид на мајката да го замени таткото

Денес има многу самохрани мајки кои се обидуваат да бидат двајца родители истовремено. Сепак, мајките мораат да сфатат дека не можат да бидат и татко на нивното дете. Тие мораат да останат такви какви што се и какви што треба да бидат, за да не го нарушат детскиот концепт за машките.

Уште една вообичаена ситуација е кога жените се обидуваат да пронајдат замена за биолошкиот татко, па одбираат друг маж, не размислувајќи како тоа ќе влијае на детето.

Преговарање за секоја грешка

Децата често се немирни и многу радознали, тие уште од мали нозе пробуваат да ја покажат својата независност. Многу родители грешат кога на детето му преговараат и за најмала ситница. Ситуациите каде што родителите не веруваат во своите деца се особено лоши, тоа воспитување не е добро бидејќи децата почнуваат да се сомневаат во сопствената сила,  а секако ја нарушуваат и довербата во родителите.

Возрасните мораат да имаат на ум дека на детето му е потребно прифаќање и сочувствување, дека има право да погреши како и секоја друга особа. Доколку детето не се однесува добро, не треба постојано да го критикувате, туку да разговарате за последиците од неговото однесување. Исто така за децата е многу важо да го пофалите секој нивни успех, воедно тоа е и најдобриот начин да го исправите неговото лошо однесување.

Забрани

Сосем нормално е децата да ги интересираат моторцикли, скејт, картинг, работи од кои родителите се плашат. Но сепак, имајте на ум дека машките деца се развиваат тогаш кога имаат прилика да пробаат различни работи.

Родителите треба да ги охрабрат децата во нивните желби, секако тоа не значи да му дадат целосна слобода на детето, особено на тинејџерите, туку да го научат детето да превземе одговорност за својата постапка, да биде организирано и дисциплинирано.

Од голема корист е детето од својата 4-5 година да го вклучите во куќните работи (местење на кревет, средување на играчки), но и во роботиката, справување во природата и разни други “машки” активности.

Недостиг на добар личен пример

Децата ги имитираат своите родители, но возрасните тоа често го забораваат. Како што таткото се однесува со неговата мајка, така и машкото дете во иднина ќе се однесува со девојките. Доколку мајката не покажува почит кон неговиот татко, и детето кога ќе порасне ќе дозволува истото од спротивниот пол.

Ниту еден совет или убедување нема да му помогнат на момчето ако порасне во средина каде што однесот помеѓу двајцата родители е тежок. За синовите е важно да ја осетат безграничната љубов од неговата мајка, како и поддршката од својот татко.

 

Тагови

Поврзани вести