Едноставните играчки можат да бидат многу корисни, дури и обичната картонска кутија може да ја поттикне креативноста, порачуваат стручњаците
Играчката не треба да се проценува според цената што ќе ја платите. Поедноставните, практични играчки што можат да послужат за играње на децата и родителите се подобри за развој на децата.
Класичните активности со играчки како коцките за редење или сложувалките им помагаат на малите мозочиња да решаваат загатки и да ја развијат имагинацијата и креативноста.
Дури и картонската кутија има голема вредност. Најдобрите играчки се оние кои ја поддржуваат интеракцијата помеѓу децата и родителите. Картонската кутија може да се користи за детето да се провлекува низ неа или за да си направи ‘куќа’. Секако дека нема да ја добиете истата корист од таблетите или екраните. Кога децата си играат со своите родители, се случува вистинска магија , без разлика дали тие си играат со вистински играчки или со коцки за редење.
Континуираната употреба на електроника го попречува развојот на говорот кај децата, ја заменува важната игра со родителите и доведува до дебелина. Препорачливо е децата под 18 месеци да не седат пред екраните, а децата на возраст меѓу 2 и 5 години да бидат најмногу еден час.
Колку повеќе знаеме за раниот развој на мозокот, толку повеќе ја разбираме потребата за игра која е темел на човечката интеракција. Нема екрани, видео игри или апликации кои можат да ги заменат врските изградени додека играте со играчки.
Педијатрите препорачуваат дека треба да се препознае која е најважната улога на детската игра, а тоа е да се развијат топли врски, полни со разбирање и интеракција.
Наједукативна играчка е онаа која ја поттикнува интеракцијата помеѓу родителите и децата.
Одберете играчки кои не го стимулираат премногу детето, но го стимулираат развојот на имагинацијата. Користете детски книги за да се развијат нови идеи кај децата и преправајте се заедно во текот на игрите со играчки. Бидете свесни за играчките и за стереотипите што ги поттикнуваат.
Ограничете им ги видео игрите на малите деца. Вкупниот број часови пред екранот, вклучително и употреба на телевизија и компјутер, треба да биде помал од еден час за деца под две години и треба да се избегне целосно за деца под 24 месеци. Децата под петгодишна возраст може да играат со компјутери или видео игри кога содржината е соодветна за нив и во присуство на возрасно лице.