Вести

Зошто им се потребни роднини на децата?

Роднините може да имаат важна улога во животот на детето. Тие се често наши први пријатели, лица со кои растеме. Тоа се деца со кои се собираме за родендени, слави и нови години, година за година. Децата може да имаат многу убави спомени со своите роднини ако родителите се потрудат да одржат врски со семејството, и тоа не само на годишни собиранки. Колку повеќе време поминуваат заедно, толку нивното пријателство ќе биде посилно и во подоцнежните години ќе имаат на што да се сеќаваат.

Роднините може да придонесат за динамика во семејството – особено ако детето нема родени браќа или сестри. Неброена дружина, дружење во текот на училишниот распуст, забави во пижами. Учење и растење заедно, во опкружување со исти луѓе. Во основа, детето има браќа и сестри со кои не мора да живее. Дури и ако детето има родени браќа и сестри, тоа често може да биде поблиско со роднините отколку со нив, како во детството така и подоцна во животот.

Од родителска перспектива – веројатно им верувате на своите роднини повеќе отколку на кој било друг. Знаете дека ќе ги чуваат вашите деца како свои, како и дека ќе бидат сакани, поттикнувани и прифатени со радост. Како што растат, роднините ќе бидат тука едни за други. На пример, кога ќе тргнат на училиште, ќе им значи да гледаат познато лице во ходниците.

Роднина е некој што ги знае вашите тајни. Некој што секогаш ве поддржува и ве охрабрува. Луѓето се чувствуваат подобро кога се опкружени со лица со слични интереси и слична смисла за хумор. Се чувствуваме како да сме дома – а често така се чувствуваме и кога сме со роднините.

Можеби оддалеченоста ќе ве раздвои одреден период. Можеби ќе бидете премногу зафатени со работа, или ќе морате да се преселите. Сепак, еднаш кога ќе ги зацврстите врските со роднините, ќе развиете способност да продолжите таму каде што што сте застанале, без оддалеченоста да влијае врз вашиот однос. Ако сте ја имале среќата да имате прекрасни роднини, или сте родител кој се труди да му овозможи на детето да поминува време со роднините – знајте дека врските што сте ги создале ќе траат засекогаш.

Поврзани вести